Црква „Пресвета Богородица Гаваљотица“
Изглед
Пресвета Богородица Гаваљотица | |
---|---|
Παναγίας Γαβαλιώτισσας | |
Поглед на црквата | |
40°48′43″N 22°3′29″E / 40.81194° СГШ; 22.05806° ИГД | |
Место | Воден |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Воденско |
Епархија | Воденско-постолско-мегленска |
Пресвета Богородица Гаваљотица (грчки: Παναγίας Γαβαλιώτισσας) — средновековен манастир изграден меѓу 1360 и 1366/67 г. од деспотот Тома Прељубовиќ.[1] Манастирот денес не постои, и на негово место се наоѓа црквичката „Св. Преображение“ (Μεταμορφώσεως του Σωτήρος).[2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓал кај градот Воден, во шумовитата месност Гаваљотица (Гавалиотиса) недалеку од Црковјани, крај патот за С’ботско.[3] Тука во XIX век македонското население традиционално го чествувало празникот на Св. Кирил и Методиј.[4]
Крај црквата е изграден амфитеатар со сместивост од 2.400 гледачи во кој се приредуваат многу настани.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Гагова, Нина (2010). Владетели и книги. София: ПАМ Пъблишинг Къмпани ООД.
- ↑ 2,0 2,1 „Έδεσσα .... Θέατρο Γαβαλιώτισσα“. Edessa City. Посетено на 11 септември 2022.
- ↑ „ΕΔΕΣΣΑ-ΓΑΒΑΛΙΩΤΙΣΣΑ: Γιορτάζει το παρεκκλήσι Μεταμόρφωσης του Σωτήρος“. edessaiki.gr. Посетено на 11 септември 2022.
- ↑ Архимандритъ Методий (1920). Градъ Воденъ въ природно, индустриално-икономическо и национално отношение. София: Печатница на Военно-Издателския Фондъ. стр. 8.