Црква „Преображение Христово“ - Даме Груев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Преображение Христово
Црква „Преображение Христово“ - Даме Груев.jpg

Поглед на црквата „Преображение Христово“ во населбата Даме Груев (во изградба)

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба
Координати 42°01′05″N 21°21′19″E / 42.01806° СГШ; 21.35528° ИГД / 42.01806; 21.35528Координати: 42°01′05″N 21°21′19″E / 42.01806° СГШ; 21.35528° ИГД / 42.01806; 21.35528
Населено место Даме Груев (населба)
Општина Ѓорче Петров
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба 5 декември 2015
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Преображение Христовомакедонска православна христијанска црква во изградба во скопската населба Даме Груев во Општина Ѓорче Петров[1].

Се гради во близина на УЗ „Даме Груев“, десно од семафорите во населбата, односно до новата градинка „Пампурче“. Камен темелникот бил удрен на 5 декември 2015 година, кога во темелите биле поставени три мермерни плочи на кои ги пишувало името што ќе го носи црквата, датумот на поставување на темелите и повелба од МПЦ во која биле напишани сите личности во чие време започнала изградбата. Црква во основа ќе има 380 квадратни метри и три куполи. Работите ги изведува „Жикол“ од Скопје, а изградбата била предвидена да трае 36 месеци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. ОСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА „СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]