Црква „Воскресение Христово“ - Зелениково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воскресение Христово

Црквата „Воскресение Христово“ во селото Зелениково

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба
Место Зелениково
Општина Зелениково
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Архитектонски опис

Воскресение Христово (некои извори ја наведуваат и како Вознесение Христово[1]) се наоѓа во селото Зелениково, поточно во населбата Станица Зелениково, веднаш над самото село во еден дол од левата страна на патот кој води кон селото Градовци. Вознесение Христово е и селска слава на селото Зелениково која се прославува масовно на првиот ден од Велигден[2]. Црквата е обновена во поново време на местото на некогашното црквиште кое било остаток од истоимена средновековна црква.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952 г. стр.43
  2. Трифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952 г. стр.103-104