Прејди на содржината

Црква „Вознесение Христово“ - Трстеник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово

Поглед на разрушената црква

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаВтора светиниколска
Местоположба

Карта

Координати41°53′39.3″N 21°51′36.2″E / 41.894250°N 21.860056°E / 41.894250; 21.860056
МестоТрстеник
ОпштинаСвети Николе
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителВознесение Христово
Архитектонски опис

Вознесение Христово — разрушена главна селска црква во селото Трстеник.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на неколку стотина метри северно од селото, во правец кон соседното село Сопот.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има спореден влез на јужната страна. Се забележува дека објектот бил граден од камен и малтер, а бил покриен со кров од ќерамиди. Храмот денес е без кров, но ѕидините се сочувани. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]
Урнатините од црквата
Селските гробишта

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 675.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]