Црква „Вознесение Христово“ - Тополчани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово

Фреска на св. Кирил од јужниот ѕид на наосот

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Тополчанска
Местоположба

Карта

Координати 40°13′48″N 21°25′48.9″E / 40.23000° СГШ; 21.430250° ИГД / 40.23000; 21.430250Координати: 40°13′48″N 21°25′48.9″E / 40.23000° СГШ; 21.430250° ИГД / 40.23000; 21.430250
Место Тополчани
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Завршено 1864
Живопис 1864 - 1869
Архитектонски опис
Стил преродбенички

Вознесение Христово (Св. Спас) — црква во прилепското село Тополчани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Фреска на св. Методиј, јужен ѕид на наосот.

Црквата е сместена на сретселото. Според натписот на мермерна плоча, градежните работи се завршени на 26 мај 1864 г. под началствувањето на митрополитот Венедикт Византиски. Зографските работи во внатрешноста започнале веднаш по изградбата. Ангажиран е зографот Адамче Најдов од Прилеп, чие име со годината 1864 се спомнува на краткиот натпис на напречната греда во наосот. Друг натпис на гредата над јужната врата вели дека живописувањето е завршено на 29 јули 1869 г. за време на свештеникот Алексиј Константинов и епитропите Нешко и Тошо Кочеви, а зографи биле Константин и Димитар Анастасови од Магарево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 293.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]