Црква „Вознесение Христово“ - Нивици

Координати: 40°48′58″N 21°0′50″E / 40.81611° СГШ; 21.01389° ИГД / 40.81611; 21.01389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово
Μικρή Ανάληψη
Карта
40°48′58″N 21°0′50″E / 40.81611° СГШ; 21.01389° ИГД / 40.81611; 21.01389
МестоНивици, Преспанско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаXV век
Управа
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Вознесение Христово (грчки: Μικρή Ανάληψη, во прев. Мало Вознесение) — пештерна црква во преспанското село Нивици, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Сместена е во југозападниот дел на Преспанското Езеро. Зачувани се само фреските на источниот ѕид и во олтарот, каде се претставени Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст од композицијата „Поклонение на Агнецот“. Над неа е претставена Пресвета Богородица Влахернска, а во проскомидијата е насликан Архиѓаконот Стефан. Фреските се од XV век.[1][2]

Во 1996 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ангеличин-Жура, Гоце. Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција) (PDF). Ниш: В: „Ниш и Византија IV: зборник радова“; Симпозиум „Ниш и Византија IV“, Зборник радова IV, Ниш, 3 - 5 јуни 2005. стр. 401. Посетено на 14 август 2015.
  2. „Πολιτιστικά μνημεία“. Ο υγρότοπος των Πρεσπών. Посетено на 11 јануари 2015.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 28 декември 2014.