Црква „Вознесение Христово“ - Липец
Селска црква во Липец
Св.Вознесение Христово | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Кочанско |
| Парохија | Блатечка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Липец |
| Општина | Виница |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Исус Христос |
| Изградба | 1839 |
| Осветување | непознато |
| Живопис | 1887 |
| Зограф | непознат |
| Водство | свештеник Орце Пешов |
| Архитектонски опис | |
| Површина | 140 м² |
„Св.Вознесение Христово“ — верски храм кој се наоѓа во селото Липец, Општина Виница.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградена е во 1839 година и е една од постарите во Виничко. Од сочуваните документи и од натписот сочуван од жителите, се потврдува годината на изградбата на црквата Свети Спас. Сместена е на северната страна од селото, на височинка од 750 метри, оддалечена 500 метри од селото. Црквата претставува трикорабна градба со рамен таван, градена од речен камен и малтер. Од надворешната страна не е малтерисана и се познаваат камењата и малтерот.[1][2]
Живопис
[уреди | уреди извор]За разлика од други цркви од тој период, црквата е живописна со невообичаена сликарија, цртани се елементи со цвеќиња во вазни и други флорални елементи, меѓу кои се среќаваат и некои насликани ангели. Горниот дел на иконостасот е направен во резба. На него се наоѓаат 33 икони, меѓу кои и Животоносниот леб, работена од непознат зограф во 1887 г. На левата врата од иконостасот се наоѓа голема икона на Свети Архангел Михаил, на која е запишана годината на изработката од 1918г. со потпис на зограф со иницијалот Г. Не е познато кога и од кого е осветена.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Црквата има и скромна библиотека во која се сочувани десетина книги со постар ненапишан датум, меѓу нив се: “Минеј’’ за 11-ти месеци, друг “Минеј’’, и “Октоих’’ или “Осмогласник’’, во кој на третата страница пишува, 1888 16 Јули, месецот и датумот кога се одржала некоја значајна црковна прослава.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Музеј Теракота Виница“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2013-02-24.
- 1 2 „Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2013-02-28. Посетено на 2013-02-24.


