Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ - Станица Аканџали
| Воздвижение на Чесниот Крст | |
|---|---|
| Υψώσεως Τιμίου Σταυρού | |
![]() | |
| 41°15′43″N 22°50′18″E / 41.26194°N 22.83833°E | |
| Место | Станица Аканџали, Дојранско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Изградба | 1975 – 1983 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Полјанско |
| Епархија | Полјанско-кукушка |
Воздвижение на Чесниот Крст (грчки: Υψώσεως Τιμίου Σταυρού) — црква во селото Станица Аканџали, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Во 1930 г. во селото Чаали доселените Грци од Турција изградиле црква. Со постепеното населување на жителите од околината, Чаали е припоено кон Станица Аканџали, а старата црква станала премала за да се задоволат потребите. На 30 ноември 1975 г. на сретселото во Станица Аканџали е удрен камен-темелникот на црквата „Воздвижение на Чесниот Крст“. Првата литургија е отслужена на 5 септември 1982 г., а црквата е осветена на 10 април 1983 г. Изградбата е финансирана од мештаните и голем број иселеници.[1]
Во дворот на храмот има параклис „Св. Катерина“. Гробишната црква „Св. Лазар“ исто така е параклис на храмот.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Εκκλησίες και ξωκλήσια του τόπου μου“. Посетено на 27 јануари 2020.
