Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Черешово (Драмско)
| Воведение на Пресвета Богородица | |
|---|---|
| Εισόδια της Θεοτόκου | |
![]() | |
| 41°24′5″N 24°1′48″E / 41.40139°N 24.03000°E | |
| Место | Черешово, Драмско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Завршена | 1835 |
| Управа | |
| Епархија | Зихненско-неврокопска |
Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Εισόδια της Θεοτόκου Παγονερίου) — црква во селото Черешово, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е изградена во 1835 г. според подоцнежен натпис, поставен на местото на постариот натпис над јужниот влез.[1][3] Градбата е трикорабна базилика со дрвен покрив и женска црква.[1][4] Има впечатлива камбанарија, изработена од делкан гранит. Според натписот на третиот кат, таа е направена од месни мајастори во 1881 г.[1][2] Ѕвоната се направени во 1832 г. Според легендата, жените на Черешово го собрале сет свој накит и откупиле друг од околните села за тие да се излеат.[2]
Внатре има извесни икони во уникатен стил.[3] На таванот над средишниот кораб е претставен Седржител. Забележителни се и владичкиот престол и амвонот.[1] Иконата на владичкиот престол е донесена од грчките доселеници од Мала Азија; дело е на Кирјаз од Енос (Енез) и изработена во 1812 г.[2] Според Георги Стрезов во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.[5]
На многу од преносливите икони има траги од стари кирилски натписи.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 15 ноември 2014.
- 1 2 3 4 „Το Παγονέρι Δράμας“. DRAMAnia.gr. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 16 ноември 2014.
- 1 2 „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.[мртва врска]
- ↑ „Εισόδια της Θεοτόκου Παγονερίου“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-27. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 12.
- ↑ Митринов, Георги (2018). „Българското възрожденско црковно-историческо наследство в Беломорието. ΙΙ. Надписи на икони и плащаници“ (PDF). Известия на Института за български език „Проф. Любомир Андрейчин“. София: Българска академия на науките. XXXI: 149–150. Text " langx" ignored (help)
