Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Сер

Координати: 41°4′47.0″N 23°32′54.4″E / 41.079722° СГШ; 23.548444° ИГД / 41.079722; 23.548444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Воведение на Пресвета Богородица
Εἰσοδίων τῆς Θεοτόκου
Чудотворната икона на Богородица
Карта
41°4′47.0″N 23°32′54.4″E / 41.079722° СГШ; 23.548444° ИГД / 41.079722; 23.548444
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1998
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Εἰσοδίων τῆς Θεοτόκου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на улица „Бизани“ бр. 3. Во неа се чува стара чудотворна икона на Богородица, донесена од грчките доселеници од Бурсенско, Турција во 1922 г. До 1947 г. иконата ја чувала Деспина Демироглу Хидериду. Таа година на една учителка ѝ се јавила Богородица, која ѝ го покажала местото каде треба да ѝ се подигне црква. Така, во 1947 – 1948 г. е подигната првата црква. Во 1967 г. е изграден поголем храм, но и таа се срушила поради лошата ѕидарија. На 24 јуни 1998 г. е осветен камен-темелникот на денешната црква. На 12 октомври 2003 г. станала парохиски харм, а пред тоа била параклис на „Св. 40 Маченици“.[1]

Градбата претставува трикорабна базилика со облик на буквата П. На исток завршува со два параклиса, посветени на Свети Ѓорѓи и Свети Максим Омологит.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Εἰσοδίων τῆς Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.