Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Љубојно

Координати: 40°53′36.8″N 21°8′29.8″E / 40.893556° СГШ; 21.141611° ИГД / 40.893556; 21.141611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Воведение на Пресвета Богородица

Влезот на црквата гледан отстрана

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Подмочанско-љубојнска
Местоположба

Карта

Координати 40°53′36.8″N 21°8′29.8″E / 40.893556° СГШ; 21.141611° ИГД / 40.893556; 21.141611
Место Љубојно
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба XVII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Воведение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица Пречиста) — црква во преспанското село Љубојно. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е сместена во источниот дел на селото. Низ годините врз неа се извршени многу промени.[1] Претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и влез од запад.[1] На југозападниот агол има немалтерисан камен на кој е издлабена годината 1852. Дел од иконите на иконостасот исто така говорат дека во средината на ХІХ век се направени големи измени во храмот.[1] Другиот дел од иконите се од периодот од 1929 до 1937 година.[1] На источниот ѕид на олтарниот простор е зачуван живопис, кој според стилските особености се датира во XVII век.[1][2] Внимание заслужуваат композициите „Богородица со Христос“ во калотата на апсидата и „Вознесение Христово“ во горните партии.[1][3]

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 36. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 4 јули 2015.
  2. „Цркви“. visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 27 февруари 2014.
  3. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 17–18. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]