Црква Св. Ѓорѓија (Пештани)
Изглед
„Црква Св. Ѓорѓија“ | |
Плоча со грчки натпис во селската црква „Св. Ѓорѓи“ | |
| Местоположба | 41°16′48″N 21°40′18″E / 41.28000°N 21.67167°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Пештани |
| Општина | Прилеп |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| Портал „Археологија“ | |
Црква Св. Ѓорѓија — археолошко наоѓалиште во прилепското село Пештани. Претставува осамени наоди од римското време.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Опис
[уреди | уреди извор]Во ѕидовите на црквата има вградени повеќе мермерни сполии, и тоа: во јужниот ѕид плоча со грчки натпис, плоча со профилирано поле и грчки натпис и ара со релјефна претстава на коњаник и жена; во југоисточниот и југозападниот агол има база за столб и профилиран блок со грчки натпис. Пред западниот влез стои мермерна база и на неа мала ара, а пред југозападното ќоше испраен столб. Во ѕитчето што се потпира на црквата има две фрагментирани мермерни стели кои се доста излижани. На едната се претставени маж и жена, а на другата двајца мажи.[1]
- Ара со релјефна претстава на коњаник и жена
- Плоча со грчки натпис
- Мермерна база и на неа мала ара
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Валјето — осамен наод од римското време;[1]
- Грамаѓе — населба од римското време;[1]
- Грмот — населба и некропола од римското време;[1]
- Пештера — населба од римското време;[1]
- Припниш — осамен наод од римското време;[1]
- Црквиште — светилиште од римското време;[1]
- Буклото — населба од античкото време;[2]
- Вршник — праисториска населба;[2]
- Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи);[3]
- Пештани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 305. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 Миткоски, Александар; Темелкоски, Душко (2019). „ГЕОРЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, ДОЛНЕНИ, КРИВОГАШТАНИ И КРУШЕВО“ (PDF). Каламус. Посетено на 6 јануари 2026.
- ↑ Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19
