Црква „Св. Сава“ - Белград

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Црква Свети Сава)
Прејди на: содржини, барај
Црква Свети Сава
Hram svetog Save
Temple Saint Sava.jpg
Основни податоци
Место Белград, Србија
Координати 44°47′ СГШ 20°28′ ИГД / 
Припадност Српската православна црква
Мрежно место http://www.hramsvetogsave.com/
Опис на градбата
Архитект(и) Александар Дероко
Поединости
Приемност 10,800
Висина на сводот (надв.) 70m

Храмот Свети Сава (српски: Храм светог Саве / Hram svetog Save) е црква која се наоѓа во Белград, Србија и е во склопот на Српската православна црква. Овој храм е најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот по Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва. Била изградена на местото на кое се смета дека Синан паша ги запалил моштите на Свети Сава во 1595 година. Изградбата на црквата започнала во 1894 година, а како главен архитект бил избран Александар Дероко. За време на втората светска војна изградбата на црквата било оневозможено како и со доаѓањето на власт на комунизмот. Така, во 1984 година конечно била издадена дозвола за нејзина доизградба.