Црква Свети Петар и Свети Павле (Прага)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Свети Петар и Свети Павле
SS Peter and Paul church Vysehrad Prageu CZ 821.jpg
Основни податоци
Место Прага, Чешка

Базилика Свети Петар и Павле (чешки: Bazilika svatého Petra a Pavlaнеоготска црква на тврдината Вишеград во Прага, Чешка.

Првобитната црква на ова место е изградена во 1070-1080 г. од кралот Вратислав II во романескен стил. Во 1249 г. базиликата настрадала во пожар, и подоцна е обновена во готски, а потоа во неоготски стил. Впечатливи за црквата се камениот мозаик над вратата, како и двете кули високи по 58 м што се извишуваат над ридот и се гледаат од центарот на градот.[1]

Зад црквата е сместен голем парк, во кој се наоѓаат познатите Вишеградски гробишта, во кои почиваат разни чешки големци како Карел Чапек, Антонин Дворжак, Алфонс Муха и други. Црквата е прогласена за базилика во 2003 г. од страна на папата Јован Павле II.



  1. Kostel sv. Petra a Pavla na Vyšehradě