Црква „Св. Никола Геракомија“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Никола Геракомија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Живопис 1860
Зограф Дичо Зограф
Мрежно место СВ. НИКОЛА - Геракомија
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика

Црквата „Св. Никола“ - Геракомијацрква во Охрид[1], Македонија. Храмот е граден од кршен камен во долните партии, додека горните партии се ѕидани од делкан бигор во варов малтер. Во основа е трикорабна базилика, каде централниот брод е засводен со три слепи куполи, а јужниот и северниот кораб се полуцилиндрично засводени. Сводовите не се ѕидани, туку на дрвена конструкција, на дрвени летви е поставен тенок слој варов малтер над кој е изведен зивопис. Невообичаено и необјасниво е сознанието дека храмот во XIX век, и сè до денешни дни не е целосно живописан. Со сликање на овој храм најверојатно е започнатов во шеесеттите години на XIX век, односно кога Дичо Зографот доаѓа во Охрид. Особено внимание заслужува живописот во сводовите на северниот и на јужниот кораб и трите слепи куполи, бидејќи тоа е дело на најпродуктивниот зограф од XIX век во Македонија, Дичо Крстев од с. Тресонче. Сликаните партии на фреско-декорација во олтарниот простор кои се со послаб квалитет се дело на фрескоживописци од Опеница-Охридско. Внатрешноста на храмот го краси сликан иконостас кој го изработил мајстор и зограв Дичо Зографот во 30 октомври 1862 година[2].

Икона на Свети Никола во црквата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цркви во Охрид
  2. СВ. НИКОЛА. Архивирано од изворникот на 2010-07-24. Посетено на 2009-08-29.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]