Црква Свети Климент Дански
| Црква Свети Климент Дански St Clement Danes | |
|---|---|
| Религија | |
| Припадност | Црква на Англија |
| Локација | |
| Локација | Вестминстер, Лондон |
![]() | |
| Географски координати | Обединето Кралство |
| Архитектура | |
| Архитект(и) | Сер Кристофер Рен |
| Завршена во | 1880 |
Црквата Свети Климент Дански (англиски: St Clement Danes) е англиканска црква која се наоѓа во Вестминстер, Лондон, Англија.
Првата црква на ова место била изградена од страна на Данците кои се населиле на овие простори во текот на 9 век. Во текот на својата историја, таа била доградувана во времето на Вилијам Освојувачот и во текот на средниот век. Денешниот изглед црквата го добила во 1682 година, кога претходната црква била срушена и повторно изградена. Нејзин главен архитект бил Сер Кристофер Рен. Во периодот од 1719-1720 од страна на Џејмс Гибс била додадена и кулата на црквата. Во текот на Втората светска војна и германското бомбардирање на Лондон, црквата била опожарена во 1941 година. Сепак, нејзиниот надворешен изглед в голема мера бил зачуван, па по војната таа била повторно реновирана.
Црквата денеска функционира како централна црква на Кралските воздушни сили на Велика Британија[1].
