Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаСтрумичка
Архијерејско намесништвоСтрумичко
Местоположба

Карта

Координати41°25′46″N 22°36′48″E / 41.42944°N 22.61333°E / 41.42944; 22.61333
МестоСтрумица
ОпштинаСтрумица
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителПророк Илија
Завршено1923
Архитектонски опис

Свети Илијаманастир посветен на пророкот Илија на планината Еленица, на околу 4 км од градот Струмица.[1]

Манастирот бил изграден во XVI век, но се смета дека претходно на истото место постоел друг манастир којшто датирал уште од порано. Манастирот бил разрушен во 1923 година, но истиот бил повторно изграден во периодот од 1975 до 1984 година.

Внатрешноста на црквата е исполнета со иконостас на Исус Христос, а ѕидовите се обоени со евангелистите Марко, Матеј, Лука и Јован. Иконостасот во црквата е направен од дрво.[2]

Граѓаните на Струмица секоја година ја следат традицијата и на 2 август, празникот на пророкот, масовно во приквечерината и навечер ја поминуваат трим-патеката и го посетуваат манастирот, оддавајќи почит на пророкот и потсетувајќи се на Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

  1. „www.instrumica.com“ (македонски и англиски). Архивирано од изворникот на 2010-11-04. Посетено на 13 декември 2010.
  2. „Верски објекти во Општина Струмица“ (македонски и англиски). Посетено на 13 декември 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]