Црквата Свети Августин (англиски: St Augustine's, Kilburn) е англиканска црква која се наоѓа во Килбурн, Лондон, Англија[1]. Поради својата големина и раскошна архитектура, понекогаш оваа црква се нарекува и “Катедрала на северен Лондон“, и покрај тоа што црквата не претставува црковен храм.
Христијанскиот храм бил основан од страна на Ричард Кар Керкпатрик во 1870 година. Основата на црквата и нејзиното осветување било во 1880 година, но самата кула била изградена во периодот од 1897-1898 година.