Црква „Св. Софија“ (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Света Софија (појаснување)
Светско наследство на УНЕСКО
Предхристијански и христијански спомеици во Солун
Назив според описот на списокот
Hagiasophiathessa.jpg
The Hagia Sophia
Вид Cultural
Критериуми i, ii, iv
Навод 456
Регион по УНЕСКО Културно наследство во Европа
Координати 40°37′ СГШ 22°56′ ИГД / 
Запис
Прогласено 1988 (12. заседание)

Света Софија (грчки: Ἁγία Σοφία) е црква која се наоѓа во Солун, Егејска Македонија. Црквата е една од најстарите во градот кои опстојуваат до ден денес.

Историја[уреди | уреди извор]

Според некои извори, уште во 3 век на местото на денешната црква постоела друга градба, која би требало да била црква. Во 8 век црквата била изградена, врз основа на црквата Света Софија во денешен Истанбул. Во 1205 година, во времето на Четвртата крстоносна војна и заземањето на градот, црквата била претворена во катедрала и како таква се задржала до 1246 година кога повторно била воспоставена византиска власт. По зазимањето на Солун од страна на османлискиот султан Мурат II на 29 март 1430 година, црквата била претворена во џамија[1].

Оваа црква, заедно со денешните џамии Ѓул и Календерхане во Истанбул (тогаш цркви), претставуваат еден од најголемите архитектонски примери од тој тип, како типични претставници на византиската архитектра од средниот век. [2].

Голем дел од внатрешноста на црквата бил реконструиран по големиот пожар во Солун од 1917 година. Куполата била обновена во 1980 година.

Црквата Света Софија е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UNESCO, Advisory Body Evaluation, World Heritage List No. 456
  2. Krautheimer,317

Надворешни врски[уреди | уреди извор]