Црква Света Параскева (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква Света Параскева
The church of Cveta Paraskeva.jpg
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
ПрипадностПравославие
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоБугарска Православна Црква
Архитектонски опис
Архитект(и)Антон Торњов
Завршен1930

Црквата Света Параслева е христијански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Бугарската православна црква. Оваа црква е трета по големина во Софија.

Храмот бил изграден во 1930 година. Одлуката за нејзината изградба била донесена во 1909 година. Учеството на Бугарија во Првата светска војна ја одложила нејзината изградба. За главен архитект бил избран Антон Торњов. Црквата го носи името на Света Параскева.

Уникатно за храмот е тоа што има многу добра акустика. Ова се должи на фактот што нема столбови и под големата купола има други, помали полукуполи кои помагаат на звукот да се шири беспрекорно.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]