Црквата Сао Висенте де Фора (португалски: Igreja de São Vicente de Fora) е црква, манастир, кој се наоѓа во Лисабон, Португалија. Црквата била изградена во 17 век, и е една од најважните маниеристички градби во државата каде се наоѓаат и вечните почивалишта на династијата на Браганза. Првата црква била изградена во 1147 година во времето на првиот португалски крал Алфонсо I. Денешниот изглед на црквата бил изграден во времето на Филип II во периодот од 1582 до 1629 година.