Црква Пресвета Богородица (Подилски реон - Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црква Пресвета Богородица
Церква Покрова Пресвятої Богородиці
Место Киев
Земја Украина
Вероисповед Украинска православна црква - Московски патријарх
Историја
Основана 1902
Посветена на Пресвета Богородица
Архитектура
Стил Украински барок
Завршена 1906

Црквата Пресвета Богородица (украински: Церква Покрова Пресвятої Богородиці) е црква која се наоѓа во Киев, Украина.

Познато е дека христијански храм на местото каде се наоѓа денешната црква постоел уште од најрани времиња на Киевска Русија. Во 1791 година црквата била затворена, а во 1795 година била изградена нова дрвена црква. На почетокот од 20 век, населението на реонот се зголемило, а со ова се зголемила и потребата од проширување на црквата или изградба на нова црква. Така, во 1902 година, црквата била разрушена и до 1906 година била изградена новата црква. На 16 септември истата година се случило и официјалното осветување на објектот.

Вкупните трошоци за изградба на црквата биле 57.000 рубли, од кои повеќето биле донирани од страна на свештеници и трговци. Во текот на советскиот период, црквата не била разрушена, но во 1938 била затворена. Во 1941 година црквата била повторно отворена. Иконостасот на црквата датира од 1944 година.