Прејди на содржината

Црево (анатомија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
3= дванаесетпалечно црево, 4= тенко црево, 5= слепо црево, 6= црвулец, 7= колон, 8= ректум, 9= анус

Црево[1][2] (латински: intestinum) — дел од системот за варење на повисоките повеќеклеточни организми, вклучувајќи ги и луѓето. Тоа е дел од гастроинтестиналниот тракт од пилорусот до анусот. Кај возрасен, целото црево е долго околу 8 метри, а неговата површина е многу голема поради цревните ресички — околу 40 м².

Разлики во должината на цревата

[уреди | уреди извор]

Должината на цревата многу се разликува кај различни животински видови. Грабливите мачки, како што се лавовите, кои се исклучиво месојадни, имаат многу кратки црева, бидејќи месото се вари релативно брзо. Сештојадите, вклучително и луѓето, имаат подолги црева бидејќи на одредени растителни храни им е потребно подолго време да се преварат. Следствено, тревопасните животни имаат најдолги црева.