Голема еребија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Црвена еребија)
Голема еребија
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Nymphalidae
Род: Erebia
Вид: E. ligea
Научен назив
Erebia ligea
(Linnaeus, 1758)

Голема еребија (Erebia ligea) е пеперутка, дел од семејството на пеперуги Шаренци. Пеперутката е распространета во југоисточна Европа, вклучително и во Македонија, но и во северна Европа. Пеперутката препочита влажни и ниски предели. Ретко се гледа на отворени предели. За првпат била опишана во 1758 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Еребијата е пеперутка со средна големина со распон на крилјата помеѓу 30 и 46 мм. Женките имаат тенденција да бидат малку поголеми од машките. Горната страна на пеперугата е темнокафеава со потокалови точки. Долната страна е темнокафеава со црвеникава лента со црни, белоцентрични отвори за очи во близина на надворешниот раб.[1]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Големата еребија се наоѓа во северна и југоисточна Европа. Обично лета од јули до авгист, во крајшумски предели.[1]

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Женките ги полагаат нивните јајца на листови од трева. Во Финска на пример, ларвите хибернираат две години како гасеници.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Arran Brown: Erebia ligea. NatureGate. Посетено на 2013-12-23.