Цочо Биљарски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Цочо Билјарски)

Цочо Василев Билјарски (бугарски: Цочо Василев Билярски) — бугарски историчар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Цочо Василев Билјарски е роден на 17 април 1949 година во селото Орешак кај градот Тројан во областа Ловеч. Завршува историја на Софискиот универзитет. Од 1973 до 1978 година е специјалист во Главната управа за архиви, а од 1978 до 1986 година во Централниот државен архив. Во ноември 1984 година е вербуван и регистриран како агент на Државна безбедност со псевдоним Стојан. Од 1986 до 1993 година е заменик директор на Централниот државен архив. На 3 мај 1990 година е еден од возобновувачите на Македонскиот научен институт. Во ноември 1990 година е поднесено барање за бришење на податоците за агент Стојан во датотеките на Државна безбедност. Од 1993 до 1997 година е директор на Централниот државен архив. Од 2000 до 2006 година е началник на сектор во Централниот државен архив.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Решение № 37 / 10.06.2008 г.“. comdos.bg.