Цицерон
Марко Тулиј Цицерон | |
---|---|
Биста на Цицерон | |
Роден/а | 3 јануари 106 п.н.е. |
Занимање | Политичар, правник, оратор и филозоф |
Националност | Римјанин |
Предмет | политика, право, филозофија, говорништво |
Книжевно движење | Златно латинско доба |
Значајни дела | Политика: За Квинктиј Филозофија: За смислувањето |
Марко Тулиј Цицерон или Кикерон (латински: Marcus Tullius Cicero, 3 јануари 106 п.н.е. – 7 декември 43 п.н.е.) — римски оратор, државник и филозоф. Важи за најголемиот говорник на сите времиња.
Животопис
[уреди | уреди извор]Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија, додека се криел од своите политички непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт — тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“
Неговото семејство, од родот Тулиј, било едно од земјопоседниците и благородниците во Арпинум и поседувало поголема слава и богатство од другите семејства во Арпинум. Во текот на животот, конзервативниот Цицерон одбивал да биде споредуван со тогаш по познатитот Мариј. Името „Цицерон“ произлегува од cicer, латински збор за „наут“. Плутарх објаснува дека името најпрвин било наменето за еден од предците на Цицерон кој имал засек на носот, кој бил сличен на оној кај наутот. Според Плутарх, Цицерон бил советуван да го смени ова неблагородно име кога влегол во политичкиот живот, но тој одбил.
Според Плутарх, Цицерон бил многу добар студент, а неговата ученост се расчула низ цел Рим. Тој особено ја сакал поезијата, иако не заостанувал и во другите дисциплини. Во 89 п.н.е-88 п.н.е, Цицерон служел кај Гнеј Помпеј Страбон и Луциј Корнелиј Сула во граѓанската војна, иако немал никаква желба за војување. Тој, исто така, сакал сè што е грчко, и во неговата последна желба напишал дека сака да биде погребан во Грција. Тој ги сакал старите филозофи од времето на Платон и ги сметал нивните идеи како провокации за мислење.
По својата природа, Цицерон бил многу срамежлив и кога излегувал на трибината за да држи говори, тој трепрел[1] повеќе отколку кога заповедал со легиите во воените походи. И тој самиот зборува за својот страв, пишувајќи: „На почетокот на говорот пребледувам и почнувам да се тресам со целото тело.“[2] Сепак, неговата срамежливост не била поврзана со скромноста, т.е. во Рим никој не бил толку нескромен како Цицерон.[3]
Цицерон служел како квестор во западна Сицилија во 75 п.н.е.. Тој напишал дека на Сицилија го видел надгробниот споменик на Архимед од Сиракуза, на кој бил изгравиран Архимедовото омилено откритие во геометрија: соодносот на волумените на впишана топка во најмал можен цилиндар е 2:3. Во тоа време го изградил и своето прво успешно обвинение во случајот против Гај Верес, поранешен гувернер на Сицилија. Сепак, и покрај неговите големи успеси како адвокат, Цицерон страдал поради недостаток на претставителни предци. Тој не бил ниту нобел-благородник ниту патрициј-слободен граѓанин и неговото семејство не била сметана за многу важна. Тој, исто така, бил попречуван и од фактот што последниот конзул кој бил избран, а не поседувал конзулски предци (т.е. последниот „Нов човек“, или Novus Homo) бил политички радикалниот и воинствен Мариј.
Цицерон бил венчан со Теренција, но потоа ја раскинал свршувачката, зашто таа не го сакала.[4] Цицерон имал син кој, според Сенека, „од таткото не наследил никакви други дарови, освен господскиот начин на живеење, а пиењето уште повеќе му ја уништила неговата природна слаба памет.“[5]
Дела
[уреди | уреди извор]Книги
[уреди | уреди извор]Говори
[уреди | уреди извор]Се знае дека постојат 88 говори, но од нив се зачувани само 58.
Судски говори
[уреди | уреди извор]- (81 п.н.е.) За Квинктиј (Pro Quinctio)
- (80 п.н.е.) За Секст Роскиј (Pro Sex. Roscio Ameriae )
- (77 п.н.е.) За Квинт Роскиј Комичарот (Pro Q. Roscio Comoedo )
- (70 п.н.е.) Предвидување против Кекилиј (Divinatio in Caecilium)
- (70 п.н.е.) Против Верес (In Verrem)
- (69 п.н.е.) За Тулиј (Pro Tullio)
- (69 п.н.е.) За Фонтеј (Pro Fonteio)
- (69 п.н.е.) За Кекина (Pro Caecina)
- (66 п.н.е.) За Клуентиј (Pro Cluentio)
- (63 п.н.е.) За Рабириј, обвинетиот за предавство (Pro Rabirio Perduellionis Reo)
- (63 п.н.е.) За Мурена (Pro Murena)
- (62 п.н.е.) За Сула (Pro Sulla)
- (62 п.н.е.) За поетот Архиј (Pro Archia Poeta)
- (59 п.н.е.) За Флак (Pro Flacco)
- (56 п.н.е.) За Сестиј (Pro Sestio)
- (56 п.н.е.) Против Ватиниј (In Vatinium)
- (56 п.н.е.) За Целиј (Pro Caelio)
- (56 п.н.е.) За Балб (Pro Balbo)
- (54 п.н.е.) За Планциј (Pro Plancio)
- (54 п.н.е.) За Рабириј Постум (Pro Rabirio Postumo)
Политички говори
[уреди | уреди извор]- Рана кариера (пред прогонството)
- (66 п.н.е.) За Манилиевиот закон (Pro Lege Manilia или De Imperio Cn. Pompei)
- (63 п.н.е.) Против Аграрниот закон на Рул (De Lege Agraria contra Rullum)
- (63 п.н.е.) Против Катилина I-IV (In Catilinam I-IV) во „Говори против Катилина“)
- (59 п.н.е.) За Флак (Pro Flacco)
- Средна кариера (по прогонството)
- (57 п.н.е.) Кон граѓаните по враќањето (Post Reditum in Quirites)
- (57 п.н.е.) Кон сенатот по враќањето (Post Reditum in Senatu)
- (57 п.н.е.) За мојата куќа (De Domo Sua)
- (57 п.н.е.) За одговорите на харуспексите (De Haruspicum Responsis)
- (56 п.н.е.) За конзулските провинции (De Provinciis Consularibus)
- (55 п.н.е.) Против Пизон (In Pisonem)
- Доцна кариера
- (52 п.н.е.) За Милон (Pro Milone)
- (46 п.н.е.) За Марцел (Pro Marcello)
- (46 п.н.е.) За Лигариј (Pro Ligario)
- (46 п.н.е.) За кралот Дејотар (Pro Rege Deiotaro)
- (44 п.н.е.) Филипики (Philippicae)
Филозофија
[уреди | уреди извор]Реторика
[уреди | уреди извор]- (84 п.н.е.) За смислувањето (De Inventione)
- (55 п.н.е.) За говорникот (De Oratore)
- (54 п.н.е.) За поделбата на говорништвото (De Partitionibus Oratoriae)
- (52 п.н.е.) За најдобриот вид на говорници (De Optimo Genere Oratorum)
- (46 п.н.е.) Брут (Brutus)
- (46 п.н.е.) Говорник, Брут (Orator ad M. Brutum)
- (44 п.н.е.) Топика (Topica)
Други филозофски дела
[уреди | уреди извор]- (51 п.н.е.) За државата (De Re Publica)
- (45 п.н.е.) Хортензиј (Hortensius)
- (45 п.н.е.) Академика Прва (Lucullus or Academica Priora)
- (45 п.н.е.) Академика Втора (Academica Posteriora)
- (45 п.н.е.) За крајностите на доброто и злото (De Finibus Bonorum et Malorum)
- (45 п.н.е.) Тускулански расправи (Tusculanae Quaestiones)
- (45 п.н.е.) За природата на боговите (De Natura Deorum)
- (45 п.н.е.) За гатањето (De Divinatione)
- (45 п.н.е.) За судбината (De Fato)
- (44 п.н.е.) Катон Постариот за староста (Cato Maior de Senectute)
- (44 п.н.е.) Лајлиј за пријателството (Laelius de Amicitia)
- (44 п.н.е.) За должностите (De Officiis)
- (?? п.н.е.) Парадокси на стоиците (Paradoxa Stoicorum)
- (?? п.н.е.) За законите (De Legibus)
- (?? п.н.е.) За моето конзулство (De Consulatu Suo)
- (?? п.н.е.) За моите времиња (De temporibus suis)
- (?? п.н.е.) Прирачник за кандидирање (Commentariolum Petitionis) (веројатно напишан од брат му Квинт)
Писма
[уреди | уреди извор]Постојат повеќе од 800 писма на Цицерон за други личности, како и над 100 писма од други лица за него.
- (68 п.н.е.-43 п.н.е.) Писма за Атик (Epistulae ad Atticum)
- (59 п.н.е.-54 п.н.е.) Писма за брат Квинтиј (Epistulae ad Quintum Fratrem)
- (43 п.н.е.) Писма за Брут (Epistulae ad Brutum)
- (43 п.н.е.) Писма за пријателите (Epistulae ad Familiares)
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, Цицерон е првак во профинетоста на латинската проза и најзначаен писател во латинската книжевност.[6]
Белешки
[уреди | уреди извор]^ Everitt стр. 215
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 31.
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 118.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 305.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 151.
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 119.
- ↑ Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 111-112.