Цицвара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цицвара
Priprema cicvare.JPG
Подготовка на цицвара
Место на потекло Србија
 Црна Гора
 Република Српска
Температура на послужувањетопла, или ладна
Главни состојкипченкарно брашно

Цицвара — вид храна, составен дел на српската, црногорската, крајишката и источнохерцеговската кујна. Се подготвува од жолто или бело пченкарно брашно со додавање на кајмак (скорупа). При подготовката мора да се внимава растопениот кајмак да биде под површината. Јадењето настанало на Дурмитор како Божиќна чест.[1]

Се сервира во чинии.[2] Се јаде со лажица. По желба се прелева со мед. Како прилог се служат компири и леб.[1]

Со задоволство се става пред гостите (во Црна Гора со исечена свинска пршута, претставува најголема можна чест за оној пред кој се става).[3]

Начин на подготовка и состојки[уреди | уреди извор]

Потребни состојки:[2]

  • ½ л вода
  • 200 гр зрел кајмак
  • 200 гр пченкарно брашно

Кајмакот ставете го во жешка вода и ставете на шпорет да се вари на тивок оган. Кога водата ќе зоврие, полека додавајте го пченкарното брашно и полека мешајте со дрвена лажица додека цицварата не се згусне.[1] Доколку користите инстант качамак, варете онолку колку што пишува на кесичката.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Tajna prave božićne cicvare“. life press magazin. Посетено на 5. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „cicvara“. Coolinarka. Посетено на 5. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Cicvara“. Вasta balkana. Посетено на 25. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Извори[уреди | уреди извор]