Циркус Колумбија (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Циркус Колумбија е филм на режисерот Данис Тановиќ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Предраг Манојловиќ, Мира Фурлан, Борис Лер, Јелена Ступљанин и Милан Штрљиќ. Филмот е снимен според истоимениот роман на Ивица Џикиќ, која во 2003 година ја добил наградата „Меша Селимовиќ“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

По 20 години поминати на работа во Германија, непосредно пред почетокот на војната во Босна, Дивко Бунтиќ се враќа во родниот крај со свршеницата Азра и мачорот Бони. За него, мачорот има посебно значење, зашто мисли дека му носи среќа. Дивко пристигнува во селото и од својата куќа ги брка поранешната сопруга Луција и синот Мартин, кои не ги видел 20 години. Луција и Мартин се селат во општествен стан и таа му забранува на синот да контактира со татко му. Сепак, Мартин продолжува да се среќава со Дивко. Една ноќ, мачорот Бони исчезнува и Дивко распишува награда од 2 000 германски марки за оној кој ќе го пронајде. Целото село се вклучува во потрага по мачорот при што Азра и Мартин повторно се зближуваат...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Емотивна човечка приказна - Во сенката на престојната војна“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 3.
  2. „Емотивна човечка приказна - Во сенката на престојната војна“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 3.