Цимбал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цимбал

Цимбал е жичен музички инструмент со тело во облик натрапез и со жици закачени на врвот. Се свири со удирање по жиците со дрвени стапчиња.

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Како и цитрата, цимбалот се развил од псалтериум, па тие имаат одредени општи сличности со неа: плиток, четвороаглест корпус, со редица жици ставени попречно на свирачот. Меѓутоа, разликите се побитни: корпусот е многу поголем со димензи (околу 135 см на предната и 92 см на задната страна - значи со трапезен облик) па има и сопствени нозе; исто така, бројот на жици е многу поголем, тие вклучуваат тонски опсег од Е до Е3 хроматски, и покрај тоа се штимувани најчесто по три или четири на исти тон; интонацијата е фиксирана со штимувањето; жиците не се трзаат, туку се удираат со дрвени удиралки, чии глави се едната страна обложени со платно, па може да се направи, по желба, потврд или помек удар.

Звучни одлики[уреди | уреди извор]

Начинот на произведување на звукот - со удари, потоа големината на резонаторот, големиот број и должината на жиците, се причина цимбалот да е доста звучен инструмент. Карактеристично за него е големото сливање на звукот - како кај харфата, само во уште поголема мера, затоа што жиците до скоро биле пригушувани само со рака (односно подлактицата), што не било секогаш доволно ефикасно, ниту е можно во секоја прилика, затоа што рацете се веќе зафатени со удирање по жиците, понекогаш и со две палки во една рака. Затоа кај новите, модерни цимбали е поставен систем за пригушување, кој се регулира со една педала; звукот се слева колку што е можно, и по потреба, а тоа овозможува звучни акорди со прецизни звуци низ цела палета на инструменти, кои многу често се користат на чимбалот. Исто така за овај инструмент е каректеристично тремоло на долги мелодиски тонови.

Историја на инструментот[уреди | уреди извор]

Непосреден претходник на цимбалот е средноовековниот псалтериум, и тоа еден гермаснки тип од овој инструмент (на италијански: salterio tedesco), нарекуван хакбрет (Hackbrett), кај кој жиците веќе тогаш, наместо трзање, се удирани со мали дрвени удиралки, и кој од цимбалот е значително помал, и обично се носел околу вратот. Потеклото на тој вид инструмент е од подрачјето на Блискиот Исток, од каде во 12 век стигнал воШпанија, па во западна и средна Европа. Посовршените клавирски инструменти со жици не дозволиле хакбретот, како и подоцна цимбалот, да заземат истакнато место во музичката пракса, па тие се задржале само во фолклорот во некои делови, и до виртуозноста.

Меѓу виртуозите најзначајни биле Панталеон Хебнштрајт (1669- 1750), кој и сам конструирал еден тип на голем цимбал, со два резонатори и 185 жици, па по него тој цимбал долго го нарекувале: панталеон (или панталон). Од друга страна, цимбалот доста рано, преку Турците, стигнал во унгарските и словачките краеви (подоцна, и во некои наши северни области), па тука и до денес се одржал, посебно кај ромските ансамбли, под назиот: цимбалом.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Деспиќ Дејан: „Музички инструменти“, Факултет музичке уметности Београд 1989.