Од Википедија — слободната енциклопедија
Комплекс PDB на простагландин H2 синтаза-1: 1CQE
Циклооксигеназата е ензим кој е одговорен за формирањето на простаноиди, вклучувајќи ги и тромбоксанот и простагландините, како што е простациклинот.
Циклооксигеназа-2
Преку фармаколошка инхибиција на овој ензим може да се постигне намалување на симптомите на воспаление и болка. Нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), како што се аспиринот и ибупрофенот, го покажуваат ефектот преку инхибиција на циклооксигеназата.