Циганчиња (птици)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Циганчиња (птици)
Циганчиња
Black Redstart I2 IMG 0862.jpg
Циганче (Phoenicurus ochruros)
Научна класификација [ у ]
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Циганчиња
T. Forster, 1817

Циганчиња или црвеноопашки[1] (науч. Phoenicurus) — род врапчевидни птици од семејството на муварчињата (Muscicapidae), native to Европа, Азија и Африка. По изглед се групираат со уште три сродни рода, кои исто така имаат црвенкасти опашки. Ова се мали инсектојади, каде мажјаците се обоени во разни комбинации на црвена, сина, бела и црна, додека пак женките се светлокафеави со црвена опашка.[2] Во 2010 г. кон родот се додадени птиците од родовите Rhyacornis (1 вид) и Chaimarrornis (2 вида) поради укинување на тие родови како неточни согласно новоутврдената молекуларна филогенија.[3][4]

Во Македонија како домородни се присутни циганчето и лисестото циганче[5], а како новодојдено е забележано и белокрилото циганче[1], кое вообичаено живее само во Азија.

Родот е воведен од англискиот природонаучник Томас Форстер во 1817 г.[6][7]

Видови[уреди | уреди извор]

Во родот спаѓаат следниве видови:[4]

Фосилни видови[уреди | уреди извор]

  • Phoenicurus erikai (плиоцен, наод од Чарнота, Унгарија).[8]
  • Phoenicurus baranensis (плиоцен, наод од Беременд, Унгарија).[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Студија за ревалоризација на заштитеното подрачје Маврово. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Study-Mavrovo-Final-7.pdf. 
  2. Hoyo, J. del, et al., eds. (2005). Handbook of the Birds of the World, vol. 10. Barcelona: Lynx Edicions. стр. 768–773. ISBN 84-87334-72-5. 
  3. Sangster, G.; Alström, P.; Forsmark, E.; Olsson, U.. Multi-locus phylogenetic analysis of Old World chats and flycatchers reveals extensive paraphyly at family, subfamily and genus level (Aves: Muscicapidae). „Molecular Phylogenetics and Evolution“ том  57 (1): 380–392. doi:10.1016/j.ympev.2010.07.008. PMID 20656044. 
  4. 4,0 4,1 Gill, Frank; Donsker, David (уред.). „Chats, Old World flycatchers“. World Bird List Version 6.2. International Ornithologists' Union. конс. 20 May 2016. 
  5. Velevski, Metodija; Vasić, Voislav. Annotated check-list of the birds of the Republic of Macedonia. „Acta Musei Macedonici Scientiarum Naturalium“ том  20 (1): 53-76. ISSN 2545-4587. http://www.acta.musmacscinat.mk/index.php/acta/article/view/13/8. 
  6. Forster, Thomas (1817). A Synoptical Catalogue of British Birds. London: Nichols, Son, and Bentley. стр. 53. https://www.biodiversitylibrary.org/page/13330970. 
  7. Mayr, Ernst; Paynter, Raymond A. Jr, уред-ци (1960). Check-list of Birds of the World. Volume 10. Cambridge, Massachusetts: Museum of Comparative Zoology. стр. 74. https://www.biodiversitylibrary.org/page/14486263. 
  8. 8,0 8,1 Kessler, E.. Neogene songbirds (Aves, Passeriformes) from Hungary. „Hantkeniana“ том  8: 37–149. https://www.researchgate.net/publication/287410379_Neogene_songbirds_Aves_Passeriformes_from_Hungary. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]