Церкинчко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Церкинчко Езеро
Cerkniško jezero
Cerknisko jezero.jpg
Поглед кон езерото (зима)
ПодрачјеНотрањска
Координати45°44′59″N 14°22′20″E / 45.74972° СГШ; 14.37222° ИГД / 45.74972; 14.37222Координати: 45°44′59″N 14°22′20″E / 45.74972° СГШ; 14.37222° ИГД / 45.74972; 14.37222
Виднаизменично езеро
Сливни земјиСловенија
Површина&1000000000000003800000038 км2
Прос. длабочина10 м
Надм. височина546 до 551 м
Населени местаЦеркинца, Долење Језеро, Горење, Грахово

Церкничко Езеро (словенечки: Cérkniško jézero) — езеро во југозападниот дел на Словенија. Се наоѓа во јужниот дел на Церкничкото поле.

Површината на езерото изнесува околу 26 км² и се наоѓа во Крашковото Поле. Кога Крашковото Поле е поплавено површината достигнува и до 38 км². Максималната должина на езерото изнесува 10,5 км, а максималната ширина 4,7 км. Церкничкото Езеро е најголемо езеро во Словенија. Максималната длабочина на езерото изнесува 10 метри.

Нивото на водата во езерото расте посе есенските врнежи од дожд и во пролет кога се топи снегот, а во текот на мај и јуни езерото пресушува.

Езерото има добри услови за ловење на риба. Исто така езерото претставува место за гнездење на многу видови на птици.


Поврзано[уреди | уреди извор]