Цереброспинална течност
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Цереброспиналната течност (ЦСТ) е бистра, безбојна телесна течност присутна во черепниот и ‘рбетниот мозок. Се создава во хороидниот плексус. Во мозокот има околу 125mL на ЦСТ во секој момент, а дневно се создаваат околу 500 mL.
Примерок на ЦСТ се добива со лумбарна пункција. Иако била забележана од Хипократ, ЦСТ била откриена во 18 век од Емануел Сведенборг, а подоцна во 1914 година Харви Кушинг покажал дека ЦСТ се секретира од хороидниот плексус.