Централна Македонија (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ценрална Македонија
Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας
област
Знаме на Ценрална Македонија
Знаме
Местоположба на Ценрална Македонија
Координати: 40°42′00″ СГШ 23°00′00″ ИГД / 40.7, 23.0
Земја  Грција
Управа Македонија и Тракија
Главен град Солун
Окрузи
Управа
 • Управник Апостолос Ѕиѕикостас (Нова демократија)
Површина
 • Вкупна 18.810,52 км2
Население (2011)[1]
 • Вкупно 1.882.108
 • Густина Ова е лошо заокружено1.0.005.613.879.893.0/км2
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
ISO 3166 GR-B
БДП (2011)[2]  
 • номин. 28,1 млјд евра
 • по жител 14.400 евра
Мреж. место pkm.gov.gr

Централна Македонија (грчки: Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας, ПериФерија Кентрикис Македонијас) — област во Грција која се состои од средишниот дел на Егејска Македонија. Со 1,9 милиони жители го зазема второто место по населеност, веднаш по Атика. Главен град е Солун.

Управа[уреди | уреди извор]

Областа е создадена во 1987 г.. Со реформата „Каликратис“, почнувајќи од 2011 г. областа добива изменети и проширени надлежности. Заедно со Источна Македонија и Тракија, областа е под надзор Децентрализираната управа на Македонија и Тракија со седиште во Солун.

Поделена е на 7 окрузи: Иматија, Кукуш, Пиерија, Постол, Сер и Солун и Халкидик. Окрузите понатаму се поделени на вкупно 38 општини. Иматија и Пиерија се наречени по долномакедонските области Ематија и Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Според народната номенклатура на краиштата, едниот округ соодветствува на „Берско“, а другиот на „Катеринско“.

Иако географски ѝ припаѓа на Централна Македонија, Света Гора е управно независна од неа, и ужива автономна самоуправа во рамките на грчката држава.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Централна Македонија е најпосетената област во Грција, со 18,2% од вкупниот туризам во земјата. Во 2008 г. областа ја посетиле 3,21 милиони туристи.[3] Во 2011 г. БДП по глава на жител на областа изнесувал 14.400 евра, заземајќи го деветто место од вкупно 13 области во Грција, или доста пониско од државниот просек од 18.500 евра.[2]

Окрузи и општини[уреди | уреди извор]

Областа има 7 окрузи и вупно 38 општини:

Карта на окрузите и општините во Централна Македонија
Округ Општина Површина (км²) Население Адм. центар
Иматија Бер 791,43 66.547 Бер
Гида 473,39 41.570 Гида
Негуш 424,91 32.494 Негуш
Кукуш Кукуш 1581,21 51.926 Кукуш
Пајонија 923,70 28.493 Ругуновец
Пиерија Дион-Олимп 495,3 25.668 Литохоро
Катерина 681,9 85.851 Катерина
Пидна-Колиндар 339,5 15.179 Либаново
Постол Вртикоп 239,53 20.188 Вртикоп
Воден 611,21 28.814 Воден
Меглен 985,82 27.556 С’ботско
Постол 669,22 63.122 Пазар
Сер Визалтија 658,3 20.030 Нигрита
Довишта 338,78 14.664 Тополјани
Долна Џумаја 451,5 21.145 Долна Џумаја
Ениќој 414,30 9.182 Радолиово
Зелјахово 405,61 12.397 Зелјахово
Сер 601,49 76.817 Сер
Синтика 1112,40 22.195 Валовишта
Солун Амбелокипи-Менемен 9,8 52.127 Амбелокипи
Арманќој-Зајчев Рид 12,77 101.753 Зајчев Рид
Бешик 782,7 23.478 Ставрос
Даутбал 217,78 38.317 Даутбал
Делта 308,88 45.839 Текелиево
Илиџиево 389,5 33.673 Куфалово
Каламарија 6,4 91.279 Каламарија
Капуџилар-Хортач 156,8 70.110 Арсакли
Лагадина 1220,30 41.103 Лагадина
Неаполи-Сикјес 12,76 84.741 Сикјес
Павлос Мелас 24,92 99.245 Ставруполи
Седеш 385,32 53.201 Седеш
Солун 19,3 325.182 Солун
Солунски Залив 131,36 50.264 Хаџи Бали
Халкидик Аристотел 739,87 18.294 Херсово
Касандра 333,68 16.672 Валта
Нова Пропонтида 380,77 36.500 Нова Муданија
Полигеро 951,97 22.048 Полигеро
Ситонија 514,70 12.394 Никит

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]