Прејди на содржината

Централен македонски силогос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Маврудис Геројанис
Клетвата на Георгиос Јанглис пред Централниот македонски комитет во Атина, 30 август 1905 г.

Централниот македонски силогос (на грчки: Κεντρικός Μακεδονικός Σύλλογος) е грчка организација, дел од грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Била создадена во Атина во 1902 година од браќата Теохарис и Маврудис Геројанис. Организацијата имала за цел да ја претстави и заштити грчката гледна точка за населението во Беломорска Македонија пред и по илинденското востание. Одделно со помош на организацијата се испраќаат андартски чети во Македонија. Во 1905 година започнува да издава свој весник „Александар Македонски“. Во 1907 година заедно со други слични здруженија влегува во Панмакедонскиот силогос[1].

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1600-1601