Централен депозитар на хартии од вредност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Централен депозитар на хартии од вредност претставува претставува акционерско друштво со седиште во Скопје чија основна дејност е да води евиденција за сопственоста на хартиите од вредност во Македонија.

Основање[уреди | уреди извор]

На 20 февруари 2001 година, Владата на Република Македонија му дала овластување на Заводот за платен промет да ги преземе сите мерки и активности за воспоставување Централен депозитар на хартии од вредност кој ќе води евиденција за сопственоста на сите акции и обврзници во Македонија.[1] Притоа, кон крајот на 2001 година започнал процесот на претворање на постоечките акции (кои биле во хартиена форма) во дематеријализирани акции. Основа за процесот на дематеријализација на акциите биле акционерските книги кои се водат во секое акционерско друштво. На тој начин, акциите престанале да постојат во материјална, хартиена форма и биле регистрирани на сметките за хартии од вредност кои ги имаат сопствениците на хартии од вредност. Оттогаш, хартиите од вредност се водат во Регистарот на хартии од вредност кој се наоѓа во Централниот депозитар на хартии од вредност и кој претставува единствена важечка евиденција за издавање и за сопственост на хартиите од вредност. Исто така, Централниот депозитар на хартии од вредност е одговорен и за сигурно порамнување на трансакциите со акции и обврзници, склучени на Македонската берза на хартии од вредност, кои се вршат според принципот на "испорака наспроти плаќање".

Капитал на друштвото[уреди | уреди извор]

Централниот депозитар на хартии до вредност е акционерско друштво кое, согласно неговиот статут, има основен капитал од 790 020 евра во денарска противвредност, пресметана според средниот курс на НБРМ. Основната главнина на друштвото е поделена на 6 000 акции, а секој поединечен акционер, заедно со сите поврзани лица со него, не може да поседува повеќе од 15% од акциите. Номиналната вредност на една акција изнесува 131,67 евра во денарска противвредност.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]