Центар за водени спортови (Лондон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Центар за водени спортови (Лондон)
Место
Отворен
Сопственик
Игра
Гледачи

Центарот за водени спортови (англиски: London Aquatics Centre) е повеќенаменска спортска арена која се наоѓа во Лондон, Обединетото Кралство. Арената е наменета за натпреварувањата во водени спортови, и е изградена за потребите на Летните олимписки игри 2012. Се наоѓа во Олимпискиот парк во источен Лондон, непосредно до Ватерполо арената и спроти Олимпискиот стадион.

Во центарот се наоѓаат два олимписки базени со должина од 50 метри, од кои едниот се користи на пливачките натпреварувања, а другиот за подготовка на спортистите, и базен со должина од 25 метри наменет за скокови во вода. Сместивоста на арената изнесува 17.500 места, за време на Олимписките игри, додека пак после игрите сместивоста е намалена на 2.500 места. Во арената ќе се одржуваат натпреварите во пливање, скокови во вода, синхронизирано пливање, и пливачкиот дел од модерниот петобој.

Особености[уреди | уреди извор]

Центарот за водени спортови при неговата изработката во февруари 2011

Проектот за арената го изработила добитникот на Прицкеровата награда за архитектура, Заха Хадид уште во 2004, и се одликува со карактеристична архитектура со закривен покрив. Изградбата на обејктот започнала во јули 2008, а завршила во јули 2011.[1] Објектот е висок 45 метри, долг 160 метри и широк 80 метри.

Целокупната структура се заснова на само два потпорни столба, едниот на северниот дел, а другиот на јужниот дел од објектот. Челичната конструкција на покривот е тешка 3.200 тони и е изработена од алуминиумски плочи. Површината на покривот изнесува 1.042 м². Уникатната кула со 6 скокалници над малиот базен за скокови во вода е изградена од 462 тони бетон, додека пак таванот е изграден од 30.000 парчиња црвено градежно дрво. Во сите три базени има околу 10.000 литри вода.

Сместивоста на арената изнесува 17.500 места, но по Олимписките игри две трибини се отстранети, и со тоа сместивоста е намалена на 2.500 места, со можност за додавање на уште 1000 места за големи настани.

Внатрешноста на центарот за водени спортови

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]