Целје (Стар Град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тврдината во Целје
Celjski grad
Celjski grad.JPG
Општи податоци
Град Целје
Земја Словенија


Тврдината во Целје се наоѓа во градот Целје, во Словенија. Најраните извори за оваа тврдина датираат од 1322 година. Тој имал пет страни, или четири плус на јужната страна, која била наменета за одбрана на градот. Првите пишани документи од замокот датираат меѓу 1125 и 1137 година, и најверојатно е изграден од страна на Грофот Гунтер. Во западниот дел на замокот има една зграда со неколку спрата. Во источниот дел, постојат големи резервоари на вода.

Првиот дворец најверојатно бил изгорен и уништен во борбите помеѓу лордовите Санек и Ауфенштајн. Санекските лордови објектот го реновирале, создавајќи ги градските ѕидини и пренесувајќи го влезот кон градот.

Од 1341 година тврдината била под власта на грофовите на Целје, претварајќи ја во нивна резиденција. Во околу 1400 година биле изградени четири кули. Главната зграда се наоѓала возападниот дел од комплексот. На јужната страна пак имало капела која била посветена на Апостол Андреј. За време на земјотресот од 1348 година, дел од палата биле уништени. Во 15 век и 16 век, замокот бил реновиран. Во средниот век, замокот бил во владеење на Светото Римско царство. Во 1803 година, Андреј Горишек го купил замокот.

По Втората светка војна, замокот бил национализиран. денеска, тој претставува туристичка атракција на градот и Словенија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]