Целоусни
Целоусни Период: најдоцен Ордовик - денес | |
---|---|
Обична туна (Thunnus thynnus) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ‘Рбетници |
Инфраколено: | Вилични ‘рбетници |
Нерангирано: | Целоусни C. L. Bonaparte, 1836 |
Класи и кладови | |
Целоусни (науч. Teleostomi) — клад на вилични ‘рбетници каде спаѓаат четириношците (Tetrapoda), коскените риби (Osteichthyes) и наполно изумрените бодликави ајкули (Acanthodii). Најкарактеристично за оваа група е присуството на жабрени капаци (оперкулуми) и еден пар на дишни отвори - елементи неприсутни или видоизменети кај подоцнежните претставници. Во целоусните влегуваат сите вилични ‘рбетници освен ‘рскавичните и оклопните риби.
Систематика и филогенија
[уреди | уреди извор]потколено ‘Рбетници ├─(нерангирано) Вилично‘рбетновидни └─инфраколено Вилични ‘рбетници ├─класа Оклопни риби † └микроколено Вистински вилични ‘рбетници ├─класа ‘Рскавични риби └─(нерангирано) Целоусни ├─класа Бодликави ајкули † └наткласа коскени риби ├─класа Зракоперки └─класа Резноперки └наткласа Четириножни ├─класа водоземци └(нерангирано) Амниоти ├─класа Влекачи │ └─класа Птици └─класа Синапсиди └─класа Цицачи Забелешка: линиите ги означуваат еволутивните врски.
Потекло
[уреди | уреди извор]Потеклото на целоусните е нејасно, но први познати фосили се денес изумрените бодликави ајкули од доцниот Ордовик. Денешните целоусни го сочинуваат кладот Вистински целоусни (Euteleostomi), кој ги опфаќа сите коскени риби и четириношци. Дури и по изумирањето на сите бодликави ајкули кон крајот на периодот Перм, нивните роднини доживеале толкав успех што денес сочинуваат 99% од ‘рбениците.
Физички особености
[уреди | уреди извор]Целоусните имаат две приспособувања за дишење под вода. Првобитните целоусни веројатно имале некој вид на жабрени капаци, но не едноделно како еквивалентот кај денешните риби. Развојот на единечен дишен отвор претставувал значаен исчекор во нивната еволуција. Исто така целоусните развиле примитивни бели дробови со способност за користење на извесно количество на атмосферски кислород. Кај подоцнежните видови овие се претвориле во бели дробови и меур за одржување на половноста.
Бодликавите ајкули и зракоперките имаат заедничка одлика: три отолити (ушни коски). Дводишалките имаат само два отолита, а денешните целаканти (Латимерии) имаат само по еден.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nelson, Joseph, S. (2006). Fishes of the World. John Wiley & Sons, Inc. ISBN 0471250317.