Целите за одржлив развој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Цели за одржлив развој (ЦОД) претставуваат група на цели во врска со идниот меѓународен развој. Тие се создадени од Обединетите нации и промовирани како Глобални цели за одржлив развој. Истите ги заменуваат Целите за милениумски развој коишто завршуваат на крајот од 2015. ЦОД се одвиваат од 2015 до 2030. Содржат 17 цели и 169 специфични точки за тие цели.[1]

Цели[уреди | уреди извор]

Во август 2015, 193 држави се согласија за следните 17 цели:[2]

  1. Нема сиромаштија ... Да се искорени сиромаштијата во сите форми насекаде.
  2. Нема глад .. Да се искорени гладот, да се постигне безбедност на храна и подобрена исхрана и да се промовира одржливо земјоделство.
  3. Добро [[здравје] ... Да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите на секоја возраст.
  4. Квалитетно образование ... Да се обезбеди инклузивно и рамноправно квалитетно образовани и да се промовираат можности за доживотно учење за сите.
  5. Полова рамноправност ... Да се постигне родова еднаквост и да се поттикнат сите жени и девојки.
  6. Чиста вода и санитарни услови ... Да се обезбеди пристап и одржливо управување со вода и санитација за сите.
  7. Обновлива и достапна енергија ... Да се обезбеди пристап до достапна, сигурна, одржлива и модерна енергија за сите.
  8. Добри работни места и економија и ... Да се промовира постојан, инклузивен и одржлив економски развој, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите.
  9. Иновативност и добра инфраструктура ... Да се изгради флексибилна инфраструктура, да се промовира инклузивна и одржлива индустријализација и да се прифати креативноста.
  10. Да се намали нееднаквоста ... Да се намали нееднаквоста во и помеѓу државите.
  11. Одржливи градови и заедници ... Градовите и населбите да бидат инклузивни, безбедни,флексибилни и одржливи.
  12. Одговорно користење на ресурси... Да се обезбедат одржливи шеми на користење и производство.
  13. Преземете мерки за климата ... Да се преземат итни мерки за справување со климатските промени и нивното влијание.
  14. Одржливи океани ... Да се заштитат и користат океаните, морињата и нивните ресурси за одржлив развој.
  15. Одржливо користење на земја...Да се заштити, обнови и промовира одржливо користење на екосистемите на земјата, одржливо да се управува со шумите, да се спречи дезертификација, да се запре деградацијата на земјата и да се прекине загубата на биоразновидност.
  16. Мир и правда... Да се промовираат мирни и инклузивни општества за одржлив развој, да се обезбеди пристап до правда за сите и да се изградат ефикасни, одговорни и инклузивни институции на сите нивоа.
  17. Партнерство за одржлив развој ....Да се зајакнат средствата за имплементација и да се обнови глобалното партнерство за одржлив развој.

[уреди | уреди извор]

Милениумски развојни цели

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Technical report by the Bureau of the United Nations Statistical Commission (UNSC) on the process of the development of an indicator framework for the goals and targets of the post-2015 development agenda – working draft“. март 2015. https://sustainabledevelopment.un.org/content/documents/6754Technical%20report%20of%20the%20UNSC%20Bureau%20%28final%29.pdf. посет. 1 мај 2015 г. 
  2. „The Global Goals For Sustainable Development“. http://www.globalgoals.org/. посет. 2 септември 2015 г.