Прејди на содржината

Целиот свет е побудален

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Целиот свет е спобудален“ (хрватски: Cili svit je inšenpjan) – филм на режисерот Даниел Марушиќ од 1971 година. Марушиќ е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Ивица Видовиќ, Мирко Војковиќ, Хелена Буљан, Здравка Крстуловиќ, Ета Бортолаци, Ана Реџо и Љиљана Будичин Манестар. Музиката во филмот е дело на Перо Готовац, а автор на текстовите на песните е Арсен Дедиќ. Директор на фотографијата е Марио Перушина. Филмот е заснован на две новели на Марко Удовиќ, а премиерно бил прикажан на 31 декември 1971 година, во рамките на новогодишната програма на ТВ Загреб.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

За време на карневалот во Сплит, двајца мажи стануваат жртви на своите амбиции. Барајќи маж за вдовицата Реџа, Пјеро се заплеткува во сопствената мрежа, додека неговиот пријател Нико се труди да се ослободи од мајката на својата идна сопруга...