Цезариј од Арлес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Свети Цезариј од Арлес, познат и како Свети Цезариј од Шалон (латински: Caesarius Arelatensis, 468/470 - 27 август 542) - католички светец, архиепископ и проповедник.

Творештво[уреди | уреди извор]

Портрет на св. Цезариј од Арлес во катедралата во Карпентрас.

Цезариј од Арлес бил истакната црковна личност во раниот среден век, организатор на монаштвото, архиепископ и проповедник во Прованса.[1] Тој се смета за најзначајниот проповедник на својата генерација во Галија.[2][3][4] Тој се смета за еден од последните големи црковни водачи припадник на својата генерација кој ги промовирал аскетските елементи во западната христијанска традиција.[5]

Цезариј пишувал кратки проповеди кои траеле најмногу половина час, а чија содржина била многу едноставна и која најчесто се однесува на една или две личности, а многу ретко на неколку.[6] Имајќи предвид дека им се обраќал на необразованите селани од Јужна Галија, во своите проповеди Цезариј често правел споредби со селскиот живот. Така, во една проповед, тој рекол: „Ние мораме да се грижиме за душата така како што ги обработуваме своите полиња“, а една своја проповед за завршил со зборовите: „Би било убаво да поразговараме уште за светиот Јосиф, но поради сиромашните, кои брзаат по својата работа, подобро е тоа да го одложиме за утре“. Во друга прилика, одговарајќи на оправданието на некои селани дека не можат да ја слушаат божјата реч затоа што се зафатени со селските работи, Цезариј ги прашал зошто не можат да го сфатат учењето на Христос, а ги знаат и ги пеат „валканите“ и срамни љубовни песни? Притоа, тој вели дека постојат два вида полиња - полето господово (душата човечка) и човечкото поле и потоа детаљно ја разработува оваа паралела со селската работа, тврдејќи дека човекот не смее за ја обработува земјата, а да заборави на спасот на душата. Во друга проповед, објаснувајќи им на селаните дека треба да се воздржуваат од сексуални односи со своите жени, тој ги потсетил дека никој од нив не го обработува и не го сее истото поле неколкупати годишно. Всушност, во своите проповеди, Цезариј се држи до општите теми, но постојано се повикува на очигледните примери земени од животот. Еднаш, Цезариј изјавил: „Кога го изложувам Светото Писмо онака како што тоа го правеле светите татковци, таа храна им служи само на малиот број учени луѓе, а останатата народна маса останува гладна. Затоа, ве молам, вашиот учен слух благонаклоно нека ги поднесе селските зборови за стадото божје да може да ја добие духовната храна на прост и вулгарен јазик...“[7]

Реликвијар на св. Цезариј од 19 век, Арлес.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 26.
  2. Arthur Malnory, Saint Cesaire Évêque d'Arles (503-543), 1894 (présentation en ligne) Éditions: G. Morin, Corp. christ. 103-104 (1953). Traductions françaises : A. de Vogüé - J. Courreau, Sources chrétiennes 345 (1988, * Œuvres monastiques, M.-J. Delage, Sources chrétiennes 175, 243 (1971, 1978, Sermons au peuple).
  3. William E. Klingshirn: Caesarius of Arles : The Making of a Christian Community in Late Antique Gaul, Cambridge University Press, 1994).
  4. Césaire d'Arles et la christianisation de la Provence, Actes des journées « Césaire » (3-5 novembre 1988, 22 avril 1989), par D. Bertrand, M.-J. Delage, P.-. Février, J. Guyon, A. de Vogüé, Éditions du Cerf, 1994.
  5. Conrad Leyser, Authority and Asceticism from Augustine to Gregory the Great.
  6. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 42.
  7. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 37-39.