Цегледски бокал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цегледски бокал (без капак).

Цегледски бокал (унгарски: Ceglédi kanna) ― сад за вода именуван по градот Цеглед, Унгарија. Користен е и како музички инструмент во народната музика, особено во ромската музика во Унгарија.[1]

Како сад[уреди | уреди извор]

Цегледскиот бокал е метален бокал од 7–9 литри за вода, со рачка и капак. Тоа е релативно современ изум. Тие првпат биле произведени од Јанош Ронај во Цеглед во 1910-тите. Пред широката распостранетост на водоводни цевководи, цегледските бокали биле популарни за испорака на вода до земјоделците за време на жетвата, градежништвото и другите работници далеку од станбените места. Тие брзо станале популарни, бидејќи не биле кревки како грнчарските бокали, лесни за носење со рака, на велосипед или во автомобил и лесно се чистени. Бидејќи долго време имало само еден производител, името останало.[2]

Првично цегледските бокали биле направени од галванизиран калај. Подоцна тие биле направени од алуминиум и челик, обете голи метали и покриени со емајл, вообичаено со црвена, сина или бела боја. И покрај сложениот облик, бокалот (без рачка) бил направен од еден метален лим. За цврстина, грлото и долните бандажи биле двојно преклопени. Рачката била прицврстена со навртки.[2]

Како музички инструмент[уреди | уреди извор]

Цегледскиоте бокали станале ритамски музички инструмент меѓу Ромите во 1970 година до 1980-тите. Првата употреба на бокалот му се припишува на Кароли Рошташ („Хутјан“). Подоцна било усовршувано од други ромски музичари, како што е групата Kalyi Jag.[1][3] Кога се удирани од дланките, цегледските бокали прават широк спектар на звуци, во зависност од местото на ударот (рачка, тело, раб), дали е удрен или плеснат, дали грлото на бокалот е придушен итн.[1] Комбинацијата на метален звук и длабокиот тап звук на воздушната шуплина го става инструментот во категориите идиофони и дувачки инструменти.[4]

Во 2008 и 2009 година, биле одржани два фестивали на Цегледи канабал (унгарски: Ceglédi KannaBál), кои го истакнале овој музички инструмент.[1] Покрај традиционалната ромска музика, на фестивалот учествувале реге, џез и блуз бендови кои користеле цегледски бокали.[5][6] Првенецот со бокал, Јозеф Наги од Kayli Jag ја раскажал историјата на инструментот и кажувал како да се свири на него.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 "Ceglédi kanna" [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}., Ceglédi Panorama; lexicon Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „cepa“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 "Ceglédi kanna", Magyar Vagyok, Zoltán Kabai, 15 септември 2010 (посетено на 9 април 2023) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „mava“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. "Brummogó bőgő helyett ceglédi kanna", László Rab, NOL (Népszabadság Online), 27 ноември 2009 (посетено на 9 април 2023)
  4. Sárosi, Bálint Hangszerek a magyar néphagyományban (" Musical Instruments in Hungarian Folklore"), Budapest, Planétás, 1998, ISBN 9639014354
  5. "1. Ceglédi KannaBál", archive of Cegléd City Television (CVT)
  6. "Ceglédi KannaBál 2009"
  7. "Ceglédi KannaBál", Est magazin 22 јули, 2008