Цевковод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Најдолгиот цевковод за амонијак во светот од Русија до Украина

Цевковод[1] — систем од цевки за транспорт на стоки, обично во течна и гасовита состојба. Пневматските цевки може да се користат и за транспорт на цврсти материи со помош на воздух под притисок.

Секоја хемиски стабилна супстанција во гасовита и течна состојба може да се транспортира со цевковод. Постојат многу различни видови цевководи како што се: нафтоводи, гасоводи, цевководи за отпадни води, водоводи или дури и цевководи за пиво.

Најважни цевководи од економски аспект се цевководите за транспорт на сурова нафта и природен гас. Тоа е и најдобриот начин за транспорт на овие суровини во споредба со железничкиот транспорт кој има пониска цена по единица и побрз трансфер на суровините. Иако цевководи може да се градат и под море, тоа е економски и технички многу тежок процес, така што поголемиот дел од сурова нафта е поверојатно да се транспортира со танкери по море отколку да се градат цевководи под море.

Нафтоводите се градат од не’рѓосувачки челик. Цевките имаат внатрешен пречник од 30 до 120 cm. Секаде каде што е можно, тие се изградени на површината на земјата. Суровата нафта обично се транспортира со брзина од околу 1 до 6 m/s .

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]