Цвијиќев шафран
Цвијиќев шафран (Crocus cvijicii) е локален ендемичен вид растение во национален парк Галичица.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Телото на туниката фино кончеста, мрежеста.
Листови
[уреди | уреди извор]2-4, 1, 5-3 mm широки, присутни при цветањето.
Цветови
[уреди | уреди извор]Единечни, темно кремави до портокалово-жолти; запците влакнести. Предлист отсуствува. Брактеа и брактеола присутни, повеќе или помалку долги колку цевката на перијантот. Цевката на перијантот 1,5-3,5 cm, белузлава или ретко пурпурна; сегментите 1,5 x 0,6-0,9 cm, јајцевидно ланцетни, тапи. Антерите портокалово-жолти. Столпчето портокалово, скоро еднакво на прашниците, нејасно поделено на три стигмални гранки.
Плод
[уреди | уреди извор]Елипсовидна кутијка долга 1-1,5 cm; семенките скоро топчести, со јасни строфиоли, црвено-кафеави.[2]
Екологија
[уреди | уреди извор]Околу снежници, на варовничка подлога, во субалпскиот појас.[3]
Распространетост
[уреди | уреди извор]- Галичица: Стара Галичица, по варовнички камењари. 1800-2030 m. (leg. K.Micevski)
- Галичица: на варовнички камењар под точилото. (leg. K.Micevski)[4]