Цвикау (округ до 2008)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цвикау
Landkreis Zwickauer Land
Округ
Грб на ЦвикауLandkreis Zwickauer Land
Грб
Saxony z.png
Земја  Германија
Покраина Саксонија
Укинат 01.08.2008
Адм. цент. Вердау
Површина
 • Вкупна 511.09 km2 (197.33 sq mi)
Население (2001)
 • Вкупно 133,741
 • Густина 260/km2 (680/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. Z
Мреж. место http://www.zwickauerland.de

Цвикау (германски: Zwickauer Land) — поранешен округ (Kreis) во југозападниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Соседни окрузи биле (од североисток надесно) Кемниц, Штолберг, Ауе-Шварценберг, Фогтланд и окрузите Грајц и Алтенбург во Тирингија. Слободниот град Цвикау се наоѓал во средината на округот и речиси бил окружен од него.

Историја[уреди | уреди извор]

Со реформата на окрузите на 1 август 1994 година, руралниот округ Цвикау бил создаден со седиште во Вердау. Со реорганизацијата на одредени заедници на општини на 1 јануари 1999 година, округот повторно ги променил границите. Местата Кајнсдорф, Мозел, Оберотенбах и Шлунциг биле припоени кон Цвикау, против волјата на луѓето кои живееле таму.

Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикау, Кемниц и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во Рудните Планини (Erzgebirge), додека главна река е Цвикауер Мулде и Плајсе.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Кримичау
  2. Хартенштајн
  3. Кирхберг
  4. Вердау
  5. Вилденфелс
  6. Вилкау-Хаслау
  1. Криницберг
  2. Денхериц
  3. Фрауројт
  4. Хартмансдорф кај Кирхберг
  5. Хиршфелд
  6. Лангенбернсдорф
  7. Лангенвајсбах
  8. Лихтентане
  9. Милзен
  10. Нојкирхен
  11. Рајнсдорф

Надворешни врски[уреди | уреди извор]