Прејди на содржината

Цвета Милева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на НОБ во Никифорово, на кој се наоѓаат имињата на жртвите од овој масакр.

Цвета Аврамовска Милева ( 1926 во Никифорово 1944 во Гостивар) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Спомен плоча за цивилните жртви од масакрот во Никифорово, на кој е запишано и името на нејзината баба Фимка Аврамовска.

Од половината на 1942 година била член на женската младинска воспитна група и учествувала во собирањето на народна помош и изработка на топла облека. Во палењето на селото Никифорово, при пожарот во нивната куќа, италијанските карабинери и балистите ја запалиле нејзината баба Фимка Аврамовска, а Цвета успеала да се засолни во Гостивар каде по кратко време умрела од последиците здобиени при опожарувањето на нејзиниот дом.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 969.