Прејди на содржината

Цветан Трипуновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветан Трипуновски
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
На должноста
23 јуни 2024  13 јули 2026
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Љупчо Николовски
Наследник Борче Серафимовски
Лични податоци
Роден(а) 19 септември 1980(1980-09-19)(45 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Народност Македонец
Партија ВМРО - ДПМНЕ
Деца 2
Занимање Политичар
Земјоделски инженер
Вероисповед Православие

Цветан Трипуновски (р. 19 септември 1980 во Скопје) — македонски политичар и поранешен Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во првата влада на Христијан Мицкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Цветан Трипуновски е роден на 18 Септември 1980 г. во Скопје. Тој е дипломиран земјоделски инженер, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за земјоделство, шуммарство и водостопанство. На 13 јули 2026 бил заменет со Борче Серафимовски од ЗНАМ. [2][3]

Првото вработување му е во 2005 година во Собранието на Град Скопје како помлад соработник, а бил и директор на Државна фитосанитарна лабораторија, пратеник во Собранието на Република Македонија, во два наврати бил државен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Државен инспекторат за земјоделство, два пати бил дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, советник во ЈП Паркови и зеленило – Скопје и вработен во ВМРО-ДПМНЕ.[4][5][6]

  1. Јанковски, Валентин (2024-06-23). „Цветан Трипуновски - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство“. Mia.mk. Посетено на 2024-07-03.
  2. semos. „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“. www.mzsv.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2024-07-06. Посетено на 2024-07-03.
  3. „Цветан Трипуновски ќе биде министер за земјоделство“. Зелена Берза. 2024-06-17. Посетено на 2024-07-03.
  4. „Собрание на Република Северна Македонија - Биографии на пратеници“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2024-07-03.
  5. „Регистрирај се или најави се за да можеш да ја видиш содржината“. www.facebook.com. Посетено на 2024-07-03.
  6. „Цветан Трипуновски“. PEP. 2024-06-26. Посетено на 2024-07-03.