Цветан Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветан Поповски
Роден 1916 година
Скопје, Македонија
Починал 13 март, 1945 година
Скопје, Македонија

Цветан Георгиев Поповски ( 1916 во Скопје13 март 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Како симпатизер на народноослободителното движење, активно се вклучил во него и материјално го помагал. На 17 август 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистичките банди и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија и по напорните борби за конечното ликвидирање на балистичките банди, сериозно заболел и бил испратен на лекување во воената болница во Скопје, каде подлегнал на тешката болест на 13 март 1945 година. Неговите посмртни останки биле закопани на скопските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 237. На |first= му недостасува |last= (help)