Цветанка Сенокозлиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Tsvetanka Senokozlieva.JPG
Родена 1875
Прилеп, Отоманска Империја
Починала 1906
Прилеп, Отоманска Империја

Цветанка Сенокозлиева е македонска учителка и револуционерка, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена е во 1875 година во Прилеп, Македонија, тогашна Отоманската Империја. По завршување на образованието во Софија, се враќа во Прилеп и започнува да работи како учителка. Во периодот од 1900 до 1902 година е директорка на женското училиште во Прилеп.[2] Станува член на ВМОРО. Властите ја откриваат нејзината кореспонденција, по што ја апсат и ја затвораат во Прилепскиот затвор, каде што умира во 1906 година, како последица од нарушеното здравје.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София, 1982, с. 143.
  2. Прилепското училиште од 1843 - 1912, Завод и музеј - Прилеп.
  3. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 226.